дома Македонија ВУЈОВИЌ ИЗЈАВИ: Догодина ќе имаме двојно повеќе лaнcирaњa во Македонија

ВУЈОВИЌ ИЗЈАВИ: Догодина ќе имаме двојно повеќе лaнcирaњa во Македонија

Милан Вујовиќ, директорот на Samsung за Јадранскиот регион во чија надлежност е и Македонија, истакна дека компанијата догодина ќе има двојно повеќе лaнcирaњa на производи на македонскиот пазар со што ќе продолжи трендот на достава на најновите технолошки уреди, решенија и иновации.

Компанијата Samsung во винскиот клуб на Камник со соработниците, медиумите и партнерите ја прослави годината која изминува, а која според Вујовиќ била многу успешна, гледано и според зголемената продажба и зголемените приходи.

Вујовиќ изрази големо задоволство од перформансите на македонскиот пазар кој е еден од најдобрите во Јадранскиот регион, па затоа ќе продолжи и посветеноста на Samsung кон македонските корисници.

Догодина може да очекуваме голем број на лaнcирaњa на смартфони од Galaxy серијата, нови телевизори и уреди од бела техника за домаќинство.