November 29, 2022, 4:25 pm

Вчеpa бeшe измepeнa нajвиcoкaтa днeвнa тeмпepaтypa вo иcтopиjaтa нa Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Европа вчера беше измерена највисоката температура откако се води евинденција – забележани се 48,8 степени Целзиусови во југоисточна Сицилија, Италија.

Температурниот рекорд го регистрираше SIAS – агрометеоролошката информативна служба на Сицилија.

Рекордната температура беше забележана во 14 часот во Флоридија, град во провинцијата Сиракуза на Сицилија.

Претходниот рекорд го држеше Атина, каде во 1977 година беа измерени 48 степени Целзиусови.

Патем, на Сицилија на 20 септември 1999 година беа забележани 48,5°C, но тоа никогаш не беше формално заведено како рекорд.

Вчерашниот рекорд во Флоридија е исто така неофицијален. Мора да биде проверен и одобрен од експерти од Светската метеоролошка организација.

Објава на Фејсбук може да погледнете ТУКА.

Во делот на Сицилија каде беше измерена највисоката температура, температурите се особено високи. Флоридија и внатрешноста на Сиракуза се во посебна конформација која ги крева температурите на многу високо ниво, пишува Corriere della Serra. Неколку десетици километри подалеку, температурите се 10-12 степени пониски, но температурите се екстремно високи во внатрешноста на Сардинија.

Особено во Сицилија, но и во централна и јужна Италија, и делумно на север, многу високите температури се под влијание на струите што доаѓаат од Сахара.

Денеска 10 италијански градови ќе имаат вклучено црвен аларм за жештина, а утре дури 15.

До 15 август, максималните температури во Тоскана, Лацио и Емилија би можеле да достигнат 39-40 степени во внатрешноста, 38 во Рим, 37 во Венето и Ломбардија , 35 во Пиемонт и 32 во Лигурија, според прогнозите на IlMeteo.ita.

Интензивниот топлотен бран продолжува да гори Медитеранот и Северна Африка. Топлото и суво време одиграа голема улога во создавањето услови за експлозивни и разорни пожари во Турција и Грција.

И во Хрватска за утре е најавено црвено предупредување за крајбрежјето поради високите температури. Температурите на Јадранот ќе се искачат до 36 степени Целзиусови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This