дома КОВИД-19 (Коронавирус) Вчepa вakциниpaни 9.213 лицa, дoceгa вкyпнo ce вakциниpaлe 417.141 гpaѓaни

Вчepa вakциниpaни 9.213 лицa, дoceгa вкyпнo ce вakциниpaлe 417.141 гpaѓaни

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 496.228 граѓани. 

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 417.141 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 7.751 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 9.213 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 662.372 дози вакцини, а ревакцинирани се 245.231 граѓани.  

Со последните бројки 54% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 52% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 47% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 39% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.  

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп. 

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.