дома Хроника ГАЗДАТА НА „ДУРМО ТУРС“ СО РАЗЛИЧНА ВЕРЗИЈА: Шоферот изгубил контрола врз самиот...

ГАЗДАТА НА „ДУРМО ТУРС“ СО РАЗЛИЧНА ВЕРЗИЈА: Шоферот изгубил контрола врз самиот себе – закочениот волан не бил причина!?

Сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, во изјава за „24 вести“ вели дека автобусот кој се преврте во средата бил исправен. Во изјава за телевизијата тој вели дека вработени во компанијата се слушнале телефонски со возачот и дека тој за нив ја открил причината за нecpeќaтa, односно дека изгубил контрола над самиот себе додека управувал со автобусот.

Одговорно лице во „Дурмо турс“ стапи во контакт со возачот по нecpeќaтa. Тој кажал дека бил свесен и дека изгубил контрола, во повторно прашање дали изгубил контрола над автобусот, или над самиот тој, одговорот бил дека над самиот. Верјатно заради здpaвcтвeни причини. Автобусот се движел околу 200 метри, нема ни трага на кочење ниту реакција на возачот – вели Белули.

Тој додаде дека чувствува морална одговорност и дека coчувcтвува со семејствата на зaгинaтитe.

Неговите тврења се косат со изјавата на еден од патниците кој што тврди дека шоферот не можел да го сврти воланот, а за трагите од кочење потребно е вештите лица да дадат свое мислење.