дома Хроника Газдата на едно од најпознатите скопски кафулиња се бори за живот: Удрил...

Газдата на едно од најпознатите скопски кафулиња се бори за живот: Удрил во полициска Шкода

По наредба на Јавен обвинител увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.

Вчера во 18.24 часот во полициската станица во Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул. „Св.Климент Охридски“ и ул. „Димитрија Чуповски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Шкода Јети“, сопственост на МВР на Р.М., управувано од полициски службеник од ПС ОН Чаир и мотоцикл „Јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Ш. (35) од Скопје.

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар „Мајка Тереза“, каде му бил извршен оперативен зафат и се наоѓа во критична состојба. Полицискиот службеник се здобил со телесни повреди и истиот бил задржан во Ургентниот центар.

По наредба на Јавен обвинител увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.