дома Хроника ГАЛЕРИЈА ОД МЕСТОТО НА ЕКСПЛОЗИЈАТА: Бомбата фрлена во Стајковци со голема разорна...

ГАЛЕРИЈА ОД МЕСТОТО НА ЕКСПЛОЗИЈАТА: Бомбата фрлена во Стајковци со голема разорна моќ!

Жителите на Стајковци се вознемирени од детонацијата што ја слушнаа вечерва на првиот ден од отпочнувањето на изборната кампања.

Голем број жители на населбата се собрани на самото место, а заради паниката што се прошири во тој дел од Скопје, некои од мештаните одлучија децата да ги однесат да преноќат кај свои роднини. Сите говорат за инцидентот и за нарушената безбедност во последниве месеци.

Вечерва околу 21.00 час.во с.Стајковци на ул.18 бр.26 во двор сопственост на А.Н. експлодирала експлозивна направа од која има оштетување на куќата и на ПМВ Рено со скопски регистерски ознаки. Повредени лица нема, а дополнително ќе се врши увид на лице место.

Од разговорите со соседите, се дознава дека сопственикот на куќата во која што е фрлена бомбата е симпатизер на ВМРО ДПМНЕ.

МВР засега не излегува со никаква информација околу инцидентот, а медиумите под контрола на СДСМ исто така молчат.

Неофицијално, лицето во чиј што двор е фрлена бомбата е вработен во МВР.