дома Сцена Гарванлиев oбвинyвa: Имаше организиран kpиминaлeн нaпaд врз мене поради бyгарскиот пасош

Гарванлиев oбвинyвa: Имаше организиран kpиминaлeн нaпaд врз мене поради бyгарскиот пасош

Претставникот на Евровизија Васил Гарванлиев во интервју за „eurovizion.com“ вели дека бил цел од организиран криминален напад поради тоа што има бугарски пасош.

– Ова беше организиран криминал / напад против мене, врз кој немав контрола. Работите беа извадени од контекст и беа презентирани лажни информации кои завршија со многу негативен одговор со сајбер малтретирање и јавно линчување. Не посакувам такво нешто на никого, но гледајќи ја светлината во мракот, многу сум благодарен затоа што на мојата песна и даде уште подлабоко значење и уште поголема желба да бидам уште поуспешна, вели пејачот.

Тој вели дека ова го направило посилен како човечко суштество и како уметник и му дало поголема одговорност.