дома Русија ГАСПРОМ ГИ ЗАТВОРИ ВЕНТИЛИТЕ: Гасоводот кон Украина од Русија, затворен

ГАСПРОМ ГИ ЗАТВОРИ ВЕНТИЛИТЕ: Гасоводот кон Украина од Русија, затворен

Гаспром е принуден да започне процедура на прекин на сите договори со украинската компанија Нафтогас за испорака и транзит на гас, изјави шефот на руската компанија Алексеј Милер.

Гаспром ги прекина сите претходно склучени договори со Украина, изјави претседателот на бордот на директори на копанијата Алексеј Милер. Според неговите зборови се работи за договори за испорака на гас до украинските потрошувачи, како и договори за транзит на гас кон Европа се наведува во соопштението на Гаспром.

Причината за раскинување на договорот е нарушувањето на интересите на Гаспром од страна на Арбитражниот суд во Стокхолм.

,,Судиите ја аргументираа својата одлука со наглото влошување на состојбата во украинската економија. Ние сме против тоа да на наша сметка се решаваат економските проблеми во Украина. Во таква ситуација, продолжувањето на договорот на Гаспром со Украине не е економски исплатливо ‘’ објаснува Милер.

Арбитражниот суд во Стокхолм го прифати барањето на украинскиот Нафтогас, Гаспром да му исплати 4.673 милијарди долари за транзит на гас.