дома Балкан ГЕВГЕЛИЈА И БИТОЛА ДА СЕ ВРАТЕЛЕ НА ГРЦИЈА: Грчки монах бара „неослободените...

ГЕВГЕЛИЈА И БИТОЛА ДА СЕ ВРАТЕЛЕ НА ГРЦИЈА: Грчки монах бара „неослободените територии на татковината“ да се вратат во Грција!

Грчки монах бара Грција да си ги врати неослободените татковини, а меѓу нив и Битола и Гевгелија.

Не само говор на омраза и национализам, туку и класични иредентистички пораки со територијални претензии кон Македонија и Турција испратиле дел од претставниците на Грчката Православна Црква, на вчерашниот протест во Атина – пишува порталот Религија.мк

Најексплицитен бил Игуменот на Есфигменски манастир Методиј, претставник на старокалендарцете кој повикал на ослободување на „неослободените грчки територии“.

-Ја бараме Света Софија, Понт, Гевгелија, Битола, Мала Азија. Дајте ни ги назад неослободените татковини, изјавил игуменот Методиј Есфигменски.