дома Балкан Генерален 24 часовен штpajк во Грција поради лошотo спpaвувaње со пaндeмијата

Генерален 24 часовен штpajк во Грција поради лошотo спpaвувaње со пaндeмијата

Синдикатот на вработените во државниот сектор во Грција, од утрово започнаа 24-часовен генерален штрајк, барајќи суштински мерки во справувањето на пандемијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Во штрајкот учествуваат и Федерацијата на вработените во државните болници и Федерацијата на просветните работници во средните училишта, а новинарите од 11 до 13 часот ќе имаат двочасовен прекин со работа.

Атина денеска е без метро и трамвај, бродовите ќе останат закотвени на пристаништата, поради учеството во штрајкот на здруженија од грчката поморска федерација, а проблеми ќе има и со летовите, со оглед на тоа дека Здружението на контролори на летање кои исто така штрајкуваат.

Генералниот штрајк е во време додека Грција е во карантин, а од Синдикатот на вработени во јавниот сектор, меѓу другото бараат, суштински мерки за заштита на здравјето на вработените на нивните работни места; вклучување на приватниот здравствен сектор во битката со пандемијата; вработување на неодредено време на медицински персонал; дополнителни вработувања во јавниот превоз, за да се зголеми возниот ред и да се намалат гужвите, како и зголемување на платите и враќање на 13 и 14-та плата за вработените во државниот сектор.