дома Македонија ГЕРИЛА ВО ОХРИД: Граѓаните ја наранија мечката на Заев во урбанизам

ГЕРИЛА ВО ОХРИД: Граѓаните ја наранија мечката на Заев во урбанизам

Граѓаните ја пројандоа мечката во оделот за урбанизам во Охрид и ја наранија со тегла мед. Герила акцијата на УМС ја пронајде мечата за која говореше Заев и и подарија тегла мед. Изгледа тука имате мечка во Одделението за урбанизаm изјави Заев на трибината во Охрид.

„Чичко Никола за хотелот во Лагадин неколку пати насоки давав и на министерот и го знам проблемот. Неколку пати Транспорт и врски носи позитивна одлука. Разговарав со покоен Јован, сега со другите. Премиерот интервенира оти правото е на ваша страна, министерот интервенира оти правото е на ваша страна. Имате некој мечки вие овде во Охрид во Одделението за урбанизам. Сакам да знаат кој сака нека е , може да прават пркоси, но тие пркоси еден ден ќе завршат. Премиерот е достапен на сите. Тој што прави скриени марифети од позади, не знам со кој причини, ќе излези на површината – рече Заев по што во салата повторно се слушаше името Бранко Арнаудов. „ Не сакам да грешам душа, вие спомнувате имиња. Јас сум држел состаноци и со тој човек и со претходни градоначалници, веројатно и со идни, но треба да знаат сите дека тука сме заради граѓаните. Дури и да пости правно формален аспект, во Одделението за урбанизам, не можи не бива, не бида и најлесн ода биде не. Ќе најдат начин како да биде да ! Затоа што баналноста на одговорот, при дадено одобренеи за градба, при контрола вели не сте информирале. Ако треба ќе ја земам под раце Второстепената комисија и ќе дојдат тука и ќе ја решиме до крај. За да знаат дека мора да се испочитува правото и правдата за граѓаните“ – кажа Заев.