дома Европа Германија ги затвара аеродромите поради опacноста од различните мутации на вирусот

Германија ги затвара аеродромите поради опacноста од различните мутации на вирусот

Германија планира да го стопира меѓународниот воздушен сообраќај поради пандемијата со Ковид-19, изјави денеска германскиот министер за внатрешни работи орст Зихофер.

– Опасноста од различните мутации на вирусот бара во рамките на Владата да разгледаме и да разговараме за драстични мерки, меѓу кои и намалување на воздушниот сообраќај во правец на Германија практично на нула, како што направи Израел, посочи Зихофер.

Тој додаде дека граѓаните на Германија ги прифаќаат рестриктивните мерки, а од Владата очекуваат да ги заштити што е можно подобро од експлозија на бројот на заразени лица.

Претходно и германската канцеларка Ангела Меркел ја спомна можноста за стопирање или значително намалување на меѓународниот воздушен сообраќај. (МИА)