дома Европа Германија го ykинува бесплатното тестирање за ковид-19

Германија го ykинува бесплатното тестирање за ковид-19

Германската влада се согласи да го укине бесплатното тестирање за корона вирусот, што, според медиумите, воведува индиректна обврска за вакцинација.
Тоа не е обврска за вакцинација, туку прашање на правда“, истакнува владата, како што објави весникот Билд.

Министерот за финансии на СПД и кандидат за иден канцелар Олаф Шолц, како и баварскиот премиер Маркус Шредер, инсистираат на брзо укинување на бесплатните тестови.

Шолц рече дека поради напредокот во вакцинацијата, наесен ќе се укине бесплатното тестирање потребно за користење на одредени простори во слободно време.

Само во периодот од април до крајот на јуни, во Германија се потрошени 3,4 милијарди евра за бесплатни тестови, кои се неопходни за невакцинираните лица да влезат во ресторани, дискотеки …

Како што е договорено, бесплатните тестови не се откажуваат само за деца кои не можат да се вакцинираат, додека сите други ќе треба да платат за нив.