дома Европа Германија нема да воведува задолжителна вакцинација против Ковид-19

Германија нема да воведува задолжителна вакцинација против Ковид-19

Откако Австрија најави воведување задолжителна вакцинација во февруари во соседна Германија, истакнуваат дека такво нешто нема да воведат во државата.

– Такво нешто нема да има во Германија, изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас за весникот „Билд“. Тој нагласи дека Германија смета дека тоа не е потребно, а тешко е да се спроведе уставно и законски.

Политичарката од ФДП задолжена за здравство, Кристине Ашенберг-Дугнус, истакнува дека заканата за задолжителна вакцинација не помага.

– Особено земјите со драматичен број на заразени со ковид-19 треба да се концентрираат на проширување на понудата за вакцинација и спроведување нови мерки, истакна таа.