дома Свет ГЕРМАНИЈА НЕМА ДА ЈА НАПАЃА СИРИЈА: Меркел кажа „најн“ за приклучување кон...

ГЕРМАНИЈА НЕМА ДА ЈА НАПАЃА СИРИЈА: Меркел кажа „најн“ за приклучување кон можен воен напад на Сирија

Германија нема да учествува во можна воена акција во Сирија, изјави германската канцеларка Ангела Меркел, откако претходно нејзиниот француски колега изјави дека во наредните денови ќе донесат одлука за напад на Сирија

Таа на заедничка прес-конференција со данскиот колега Ларс Расмунсен соопшти дека постојат многу докази за наводен хемиски напад во Источна Гута позади кој стои Дамаск, но не се потврдени од релевантни институции.

„Постојат многу докази дека сирискиот режим применил такво (хемиско) оружје“, рекла канцеларката.