дома КОВИД-19 (Коронавирус) Германија нeмa што да им пpaви на мacките и pecпираторите

Германија нeмa што да им пpaви на мacките и pecпираторите

Германските магацини се преполни со складирана медицинска опрема набавена во паника по избувнувањето на пандемијата, и на која се потрошени огромни суми пари, а сега единственото решение е да се донира опремата, пишува Дојче веле, додавајќи дека веќе нема голем интерес на пазарот.

На почетокот на годината, германското федерално Министерство за здравство нарача над 26.000 респиратори и на тој начин имаше за цел да го удвои бројот на кревети за интензивна нега опремени со овие уреди, сепак, постојните капацитети не беа ни приближно исполнети.

Како што е наведено, околу еден месец по избувнувањето на пандемијата, првите приватни клиники целосно ги отстраниле таканаречените ковид станици затоа што не им се исплатеше да ги задржат малиот број на пациенти, а болниците брзо се вратија во редовниот режим со извршување на претходно одложени операции.

Околу 200 респиратори беа донирани на Франција, Италија и Шпанија, а вкупно 334 на Босна и Херцеговина, Косово и Македонија.

Слично е со маските од кои беа распределени 278 милиони, меѓу другото, и на балканските држави.

Според Министерството за здравство, до крајот на следната година во Германија ќе пристигнат уште 4,2 милијарди хируршки маски и 1,7 милијарди филтер маски.

Додека во март и април имаше недостиг на средства за дезинфекција и маски за еднократна употреба, цената на една маска често го надминуваше еврото, а денес тие можат да се најдат насекаде во големи пакувања за околу четириесет центи по парче.

Критичарите го обвинуваат министерот за здравство Јенс Спан за брзото трошење на стотици милиони евра.

Се додава дека одобрението за тој трошок го даде Министерството за финансии без многу размислување, иако во март и април, цените експлодираа поради глобалната побарувачка, пишува Дојче веле.