дома Европа Германија препорачува да се вакцинираат само децата кои имаат болecти кои го...

Германија препорачува да се вакцинираат само децата кои имаат болecти кои го зголемуваат pизиkoт за koмпликации од ковид

Female doctor giving covid-19 vaccine to a boy

Германскиот советодавен одбор за вакцини, познат како СТИКО, денес препорача дека само децата и адолесцентите кои имаат други болести, треба да примат вакцина против коронавирус произведена од Пфајзер и неговиот партнер БиоНТек.

СТИКО во изјавата наведува дека препорачува вакцинација само на оние млади луѓе кои имаат болести кои го зголемуваат ризикот од добивање сериозни случаи на вирус на корона, објави Ројтерс, пренесува Танјуг.

Одборот не препорача вакцина да се дава на деца и адолесценти на возраст од 12 до 17 години кои немаат други болести, иако додаде дека лекарите можат да даваат вакцини и на таа категорија доколку индивидуално го прифаќаат ризикот .

Германија планира од јуни да понуди вакцинација на деца на возраст од 12 години, откако минатиот месец Европската агенција за лекови одобри вакцинирање на адолесценти.