дома Социјални Мрежи ГЕРОСКИ ДО БИХАЌКА: „Дајте малку пописмено, соопштенијава ко Саше будалата да ви...

ГЕРОСКИ ДО БИХАЌКА: „Дајте малку пописмено, соопштенијава ко Саше будалата да ви ги пишува!“

Празните и бенигни соопштенија на СДСМ, кои во недостиг на контра-аргументи во политичкото надмудрување со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од ден во ден стануваат се покомични, а според некои и неписмени

 

Бранко Героски, уредник на весникот „Слободен Печат“ и порталот „Плусинфо“, за кого важи етикетата „новинарско перо од избор на Бихаќка“, го критикуваше денешното соопштение кое од владејачката СДСМ го лиферуваа во јавноста, а изобилува со небулози и нелогичности.

„Ало, дечки од СДСМ, дајте бе малку внимавајте на стилот на соопштенијава. Ко Саше будалата да ви ги пишува. Па не може провалиите да бидат и црни и темни. Тоа е плеоназам. Сѐ што е цро е темно, нели. Има и други глупости во текстот (на пример, гемиџиите се пишуваат со мал, а не со голема почетна буква). Дајте малку пописмено, поодмерено, пополитички спастрено. Ако не знаете, викнете некој да ве поднаучи. Не е срамота. Срамота е да се објавуваат вакви соопштенија.“ – завршува Героски, но наместо со точка ставил запирка во коментар кој се однесува на правописот.