дома Политика ГЕРО ГО ‘РЧКА И „ЗАКОПУВА“ ЗАЕВ: Пропагаторот на СДСМ призна дека има...

ГЕРО ГО ‘РЧКА И „ЗАКОПУВА“ ЗАЕВ: Пропагаторот на СДСМ призна дека има Тиранска платформа, потпишана во Тирана и има политичкко значење!

Пропагаторот, поддржувач на СДСМ, Бранко Героски , кој е корисник на грантовите од Сорос и УСАИД преку кои ги финансира весникот „Слободен печат“ и порталот „Плусинфо“ е еден од малкуте опозиционери кои признаа дека Тиранската платформа постои, дека е потпишана во Тирана и дека истата има политичко значење и притоа му препорачува на Заев да не се откажува од истата.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]„ При тоа, немам намера никого да убедувам дека не постои платформа (постои!), дека не е потпишана во Тирана (таму е потпишана!), дека таа нема политичко значење (има!) и дека релевантен документ за расправа за политичките намери на новиот мандатар е само програмата што ја понуди Зоран Заев (за сè може и мора да се расправа). Ниту, пак, прифаќам дека Тиранската платформа е единствената за која треба да се расправа – во последните неколку години, завршно со манифестот на ДПМНЕ, напишани се и обзнанети еден куп платформи за иднината на оваа земја и за сите нив, ако е потребно, треба да се расправа. “ -пишува Героски во својата колумна.[/kopa_block_quote]

Со ова Героски конечно го призна она кое македонскиот дел од СДСМ упорно не сака да го признае, дека Тиранската Платформа не е прифатена , а за кое Мухамед Зекири јавно во емисија на Клик плус призна дека платформата во целост е прифатена од страна на СДСМ.

Героски оди и чекор понапред од сите опозиционери, па му предлага на Заев и да не ја отфрла Тиранската платформа, бидејки според него тоа нема ништо да смени.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]„ Конечно, ни технички не постои начин „откажувањето“ да се изведе на начин што ќе биде уверлив за тврдокорните идиоти и за пучистите Иванов и Груевски. Замислете албанските партии да изјават – еве, се откажуваме од Тиранската платформа. Замислете истото да го стори и Зоран Заев, колку и да е тоа непотребно и недоветно. Претпоставувате, нели, кој ќе биде одговорот на пучистите – добро, ама не ви веруваме! “- напиша Героски. [/kopa_block_quote] 

Со овој свој став Героски дополнително и дава до знаење на јавноста и го потврдува кажаното од многубројните експерти дека СДСМ нема намера да се откаже од Платформата од Тирана.

За потсетување ова се точките опфатени во Тиранската Платформа, која СДСМ има намера да ја реализира во целост :

  1. Постигнување целосна рамноправност во согласност со Охридскиот договор и Уставот

– Правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на РМ, каде што Албанците се сметаат за државотворна нација, поддржување секаква правна и уставна иницијатива што ja засилува националната рамноправност за албанското население.

– Постигнување целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик на сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека „македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија”.

– Сеопфатна дебата за знамето, химната и за државниот грб на Република Македонија, со цел државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност.

– Усвојување резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот од 1912 година до 1956 година.

  1. Постигнување економска рамноправност и оп­штествена благосостојба, особено преку рамномерен регионален развој

– Создавање нов механизам, во форма на една државна комисија за финансирање на општините, за донесување одлуки со право за владини грантови во корист на општините.

– Создавање министерство за политички систем и за односи меѓу заедниците, како надлежен орган за почитување на правата на заедниците и за поттикнување на економскиот и на социјалниот развој во неразвиените подрачја.

– Остварување правична зас­тапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата.

– Остварување правична застапеност во сите нивоа на централната власт, како и во јавните служби или прет­пријатија со јавни акции.

  1. Засилување на владее­њето на правото, како предуслов за напредок на евроатлантскиот интегративен процес

– Спроведувањето на реформите во согласност со договорот во Скопје, Препораките на Прибе, итните препораки на Европската комисија, како и препораките од пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ.

– Поддршка за непристрасно вршење на работата на специјалниот обвинител, без етнички и политички предрасуди.

– Целосно расчистување на прашањата и на судските постапки како „Сопот”, „Бродец”, „Монструм” и „Куманово” преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган.

  1. Создавање дух на доверба во функција на добри меѓуетнички односи како суштински елемент за политичка стабилност во земјата

– Преземање афирмативни мерки за обезбедување финансирање на албанските културни институции на централно и на локално ниво.

– Создавање една централна институција за унапредување на јазиците на заедниците, која ќе обезбеди подготовка на преведувачи, уредници и на предавачи.

  1. Решавање на спорот за името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право

– Усвојување заедничка и обврзувачка резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија се обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот за името.

– Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција.

  1. Добри односи со соседите

– Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Бугарија.

– Соработка со Косово и Албанија за интегрирано гранично управување.

– Отворање на нови гранични премини.

  1. Брза интеграција во НАТО и во Европската унија

– Исполнувањето на наведените точки ќе го деблокира патот на Македонија кон целосна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската унија