дома Здравје ГИНЕКОЛОЗИТЕ НЕМА ДА ПРЕГЛЕДУВААТ: Најавија прекин на услугите, а пациентите ќе ги...

ГИНЕКОЛОЗИТЕ НЕМА ДА ПРЕГЛЕДУВААТ: Најавија прекин на услугите, а пациентите ќе ги праќаат во ФЗОМ

Нема да прегледуваат и лекуваат пациентки, само ќе пишуваат упати и ќе даваат боледувања. Ваква закана денеска матичните гинеколози упатија до ФЗОМ преку писмо до медиумите. Зголемување на капитацијата од 50 на 60 денари, бодот да биде според возраста на пациентката и да се дефинира пакетот на услуги кои ги покрива државата. Ова се главните барања на гинеколозите од примарното здравство, објави Сител.

– Фондот за здраство со години ги залажува пациентите дека се е бесплатно, без да го дефинира пакетот на бесплатните услуги во примарното здравство. А да го оставиме ФЗОМ да ги лечи пациентките и да ја намали перинаталната смртност со своите популистички политики кои немаат никаква врска со унапредување на квалитетот на здравствените услуги ? Ние, МАТИЧНИТЕ ГИНЕКОЛОЗИ ќе пишуваме упати за во болница, стои во писмото од УО на ЗПГАМ.

Матичните гинеколози се револтирани бидејќи биле изоставени при последното зголемување на капитацијата, а новото раководство на Фондот тактизирало за нивните барања кои им ги доставиле во јануари.

– ФЗОМ не се грижи за добриот доктор. Дури, со својот игнорантски, деградирачки, арогантен, популистички и банкарско-лихварски однос постојано и систематски се обидува да го стивне гласот на добриот доктор, делувајќи како еден од позначајните фактори на страдање на докторската заедница, се вели во писмото од Здружението на приватни гинеколози.