дома Локално ГИ ОБЈАВИ СО ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Шилегов се пофали со казни за таксисти...

ГИ ОБЈАВИ СО ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Шилегов се пофали со казни за таксисти од по 500 евра, ги објави сосе имиња и матичен број…

„Изречени казни по 500 евра на несовесните таксисти. Такси станицата кај Сити мол мора да се почитува. Ред мора да има!!!“, напиша на Фејсбук скопскиот градоначалник Петре Шилегов, споделувајќи фотографии од изречените казни…..

Покрај многуте коментари дека казните се превисоки/прес троги и дека и оваа власт, најдобро знае само да казнува, дел од граѓаните го потсетија Шилегов дека казнетите таксисти можат слободно да го тужат, па со парите (од граѓаните, секако) да си ги платат казните, бидејќи Шилегов, или одговорниот за ПР на социјални мрежи од неговиот кабинет, казните ги објави сосе личните податоци на каз нетите так систи од име и презиме, па до адреса и матичен број…