дома Свет Глен Клоуз: Нема да плачам ако повторно не освојам Оскар

Глен Клоуз: Нема да плачам ако повторно не освојам Оскар

Американската актерка Глен Клоуз, која годинава ја доби седмата номинација за престижниот Оскар, изјави дека се надева на наградата, но и дека нема да плаче ако не победи. Таа овојпат е номинирана за најдобра женска улога, за филмот „The Wife“.

Глумицата во изјавата натаму додава и дека не би сакала да добие Оскар од сожалување и дека, доколку не ја добие златната статуетка, јавно ќе изјави: „Јас сум в ред”.

Во истата категорија се номинирани и Јалиција Апарисио за филмот „Рома”, Оливија Колман за „Миленичка”, Лејди Гага за „Ѕвездата е родена“ и Мелиса Мекарти за „Can You Ever Forgive Me?”.

Глен Клоуз (71) досега шестпати е номинирана за Оскар и ниеднаш не го добила.

Годинешното, 91. свечено доделување на Оскарите, ќе биде одржано на 24 февруари во Долби театарот Лос Анџелес.