дома Здравје ГЛОГ И МАГНЕЗИУМ: Комбинација која ветува здраво срце

ГЛОГ И МАГНЕЗИУМ: Комбинација која ветува здраво срце

Глогот традиционално спаѓа во групата на најлековити билки на планетата кога станува збор за болести на кардиоваскуларниот систем.

Чајот од глог е ефикасно природно средство за намалување на високиот крвен притисок, но исто така може да се користи и во обратен случај-при постоење на низок крвен притисок.
Според тоа, една до две шолји чај од глог во текот на денот ветува регулација на крвниот притисок и подобрена срцева работа.
Уште поголем и подобар ефект може да се постигне кога чајот од глог се комбинира со магнезиум.

Дополнителниот внес на магнезиум во организмот е важен бидејќи овој минерал учествува во многубројни процеси во организмот и има важна улога во процесот на регулирање на крвниот притисок и срцевиот ритам.

Секојдневната конзумација на суплименти на база на магнезиум може да го спречат настанувањето на артериска хипертензија.