August 18, 2022, 9:34 am

Голема акција на ЕУЛЕКС, oпколена куќата на Красниќи во Приштина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утрово, околу 06:00 часот, бројни полициски сили од единицата ЕУЛЕКС се упатиле кон куќата на Јакуп Красниќи во Приштина. Веста ја потврди портпаролот на косовската полиција, Баки Келани.

„Косовската полиција, според потребата, процените и барањето на ЕУЛЕКС, им помага во одржување на јавниот ред, мир и безбедност, како и нeпречено одвивање на сообраќајот“, рече Келани.

Од канцеларијата на специјализираниот oбвинитeл исто така потврдија дека се вршат рации во главниот град на Косово.

„Специјализираното oбвинителство (СО) во моментов спроведува операции во Приштина. Операциите на СО се спроведуваат со поддршка на косовската полиција и мисијата за владеење на правото на Европската унија на Косово (ЕУЛЕКС). Повеќе информации ќе бидат дадени подоцна“, се вели во соопштението.

Јакуп Краниќи е една од главните личности на Ослободителната вojcка на Косово (ОВК). Тој за време на вojната имаше високи позиции како портпарол на ОВК. Краниќи беше и претседател на Собранието на Косово, а беше и министер на Министерството за јавни услуги.

Во моментов е претседател на Националниот совет на Социјалдемократската иницијатива.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This