дома Свет ГОЛЕМА ЖPTBА ВО ИМЕ НА НАУКАТА: 5.000 луѓе ќе пушат мapихуана со...

ГОЛЕМА ЖPTBА ВО ИМЕ НА НАУКАТА: 5.000 луѓе ќе пушат мapихуана со дозвола од државата

Швајцарија размислува да дозволи легално пушење мapихуана на група на луѓе во рамките на научно истражување со цел да ги оформи новите правила за рекреативно користење на оваа дpoга.

Владата на Швајцарија предлага лимитиран пилот-проект кој би можел да доведе до промени во зaкoните кои го забрануваат кaнaбисот, а се активни од 1951 година. Планот ќе е изложен на јавна дебата до средината на годината, соопштија од Федералното биро за здравство на Швајцарија.

Во земјата веќе се дозволени продукти од кaнaбис со помалку од 1% на активната супстанца ТХЦ која ги „дpoгира“ луѓето. Оваа мерка е на сила од минатиот јули со цел да се истражат нови начини за регулирање на посилната мapихуана, откако Универзитетот во Берн беше спречен од законите да спроведе научно истражување.

Во Швајцарија има околу 200.000 луѓе кои илeгaлно пушат кaнaбиc, проценува владата.

„Без да го игнорираме статусот на канабисот, мора да најдеме начин да тестираме нова регулатива во рамките на моменталната ситуација. Градовите посочуваат на негативниот импакт од сегашните закони како што е недозволената трговија на јавни места која прави граѓаните да се чувствуваат небезбедно. Како резултат на ова, некои градови сакаат да откријат како контролираниот пристап до канабис влијае на неговото конзумирање, навиките за купување на истиот и здравјето на корисниците“, го пренесува Ројтерс ставот на швајцарските власти.

Предложениот пилот проект ќе биде лимитиран само за возрасни личности кои ќе докажат дека веќе користат мapихуана.