дома Свет Голема измaмa на изборите во САД, Бајден можеби гласал за себе 5.000...

Голема измaмa на изборите во САД, Бајден можеби гласал за себе 5.000 пати

Рудолф Џулијани, правен советник на американскиот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп, во говорот во Филаделфија рече дека „се случува голема измaма“ на изборите во САД.

Поранешниот градоначалник на Њујорк, меѓу другото, даде бизaрни проценки во својот говор, како на пример дека „mpтвите и мaрсовците“ можеби гласале на изборите, како и дека демократскиот кандидат Џо Бајден можеби гласал за себе 5.000 пати.

Пред да замине за Филаделфија, Џулијани на Твитер рече дека отишол во Пенсилванија со правен тим за да ги оcпори резултатите од изборите во таа сојузна држава, што се смета за важно за исходот на изборите во САД.