Голема мистepија – Стојанка ја нema никаде: Не се пронајдени остатоци од опожapeно лице, распишана потрага по жената за која се веруваше дека жива изгope

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжува мистерија во кумановското село Челопек. Откако со денови се веруваше дека 60 годишната Стојанка изгорела во пожарот кој ја зафатил куќата во која живеела, а потврдено од изјавата на нејзиниот маж кој велеше дека ја видел како влегува претходно во куќата, МВР дава ново светло на целиот случај.

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираат дека согласно законските прописи постапуваат по насока на Јавен обвинител, па во координација со Јавен обвинител од ОЈО Куманово, полициски службеници извршиле детален увид на местото на опожарената куќа во Старо Нагоричане.

-Откако не се пронајдени остатоци кои укажуваат на опожарено лице, распишана е потрага по лицето, по која веќе се постапува од страна на Отсекот за потраги, велат од МВР.

Мистеријата ја зголемуваат и изјавите на мештаните, соседите и роднините. Едни велат дека тешко подвижната жена ја виделе надвор непосредно по пожарот кога и самите се спасувале. Неофицијално, од внатрешноста на куќата Стојанка комуницирала со својата сестра за опасноста од пожарот.

Борис, пак, вели дека огнот го начекал на спиење и дека бил целосно беспомошен. Стојанка беше надвор веднаш по избувнувањето на стихијата, тврди пак, нивната сосетка.

Пожарникарите, пак, кои дејствувале на самото место имаат свои забелешки. Тие не биле воопшто информирани дека некој има во куќата која гори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This