December 6, 2022, 7:30 pm

Голема победа на републиканците во американскиот Сенат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Републиканците денес го спречија формирањето независна истражна комисија за упадот на приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп на Капитол Хил на 6-ти јануари, истакнувајќи дека се доволни полициските и парламентарните истраги кои се во тек и оти демократите сакаат политички да ја злоупотребат новата комисија

Беа потребни десет републикански и 50 демократски гласови за да се ограничи времето за дискусијата во Сенатот и да се спроведе завршното гласање со просто мнозинство за споменатата нова комисија чиешто основање го одобри Претставничкиот дом на Конгресот, каде што демократите имаат изразено мнозинство.

Станува збор за најновиот обид на демократите по секоја цена да се издејствува забрана за политичко дејствување на Доналд Трамп кој најави кандидирање на претседателските избори во 2024 година, во периодот кога расте неговата поддршка.

Само шест републиканци, од претходно познати како големи противници на Трамп, гласа „за“, што уште еднаш сведочи за острата поделеност во САД пет месеци по упадот со пет жртви од кои две директно поврзани со немирите, на десетиците илјади луѓе во зградата на американскиот Конгрес за да го спречат изборниот колегиум да ја потврди победата на кандидатот на демократите. Исто така, тоа го покажува и сѐ поголемото влијание на Трамп во Републиканската партија, но истовремено и натаму цврстото убедување на многу кознервативни Американци дека претседателските избори од ноември 2020-та биле украдени во полза на демократскиот кандидат Џо Бајден.

„Од што се плашат републиканците? Од вистината? Таа комисија навистина ни е потребна. Претседателот Трамп овие месеци ширеше голема лага за тоа дека изборите се наместени и дека всушност тој е претседател“, праша лидерот на домократското мнозинство Чак Шумер, пред гласањето кое однапред беше осудено на неуспех.

Во текот на гласањето за формирање на комисијата во петокот „за“ биле републиканските сенатори Бил Кесиди, Сузан Колинс, Лиза Мирковски, Рон Пртман,о Мит Ромни и Бен Сас. Другите републиканци се спротиставија, предводени од нивниот водач во Сенатот, Мич Мекконел, оценувајќи го предлогот за „обичен политички маневар“ кој нема да ѝ помогне на полициската истрага којашто е во тек, и во која се уапсени речиси 450 демонстранти.

Неколку сенатори од двете фракции не биле присутни, па конечното гласање заврши со 54 наспроти 35. На 19-ти мај само 35 од 211 републиканци во Претставничкиот дом гласаа за формирање на таа комисија.

Заговарачите на оваа комисија, кои ги поддржува и претседателот Џо Бајден, велат дека таа треба да има пет чена кои би ги избрале демократите и пет члена кои би ги избрале републиканците, по примерот на комисијата основана по нападите од 11-ти септември 2001 година, која имаше силна поддршка од двете опции но стануваше збор за неспоредливо супштински различна причина.

Поранешниот претседател Доналд Трамп во случајот без преседан во вториот обид на демократите за негов импичмент во февраури годинава повеќе од еден месец откако му престана мандатот кога демократското мнозинство во Претставничкиот дом го обвини за „поттикнување на бунт“, беше ослободен по судењето во Сенатот, повторно поради значителното изостанување на гласовите на републиканците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This