дома Актуелно Голема пoлициcka akциja на Плетвар, yaпceни неколкумина – МВР се уште ја...

Голема пoлициcka akциja на Плетвар, yaпceни неколкумина – МВР се уште ја чува во тajнocт oпepaциjaтa

Голема полициска акција се случува во централна Македонија која започна попладнево околу 17.00 часот. До сега, според неофицијални информации на Инфомакс, уапсени се неколку лица кои биле запрени од страна на полициски службеници на патот Росоман – Плетвар.

Се работи за полициска акција за сузбивање на ланец за производство на трговија со дрога и оружје.

Од МВР засега не сакаат да коментираат во врска со акција, но потврдуваат дека таква акција е во тек и дека се уште не се започнати активностите за вршење на претреси и проверки.