дома Хроника ГОЛЕМ ПОЖАР ВО БИТОЛА: Пироман подметнал пожар во три куќи, набрзо уапсен!

ГОЛЕМ ПОЖАР ВО БИТОЛА: Пироман подметнал пожар во три куќи, набрзо уапсен!

Пожар зафатил три куќи лоцирани на улицата „Дебарска“ вчера вечерта во Битола.

-Интервенирано било од страна на Територијалната противпожарна единица Битола, при што едната куќа била целосно изгорена, а двете биле делумно изгорени. Во врска со настанот во полициска станица било приведено едно лице од Битола за кого се претпоставува дека го подметнал пожарот, информираат од МВР.

Од полицијата информираат дека увидот ќе продолжи во текот на денешниот ден и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Дел од медиумите пишуваат дека пожарот бил подметнат од брат на еден од сопствениците на куќата, а по претходната расправија меѓу нив.