дома Балкан Голем пожap на хрватскиот остров Чиово, во тек е акција за гасење...

Голем пожap на хрватскиот остров Чиово, во тек е акција за гасење (ВИДЕО)

На хрватскиот остров Чиово, во моментов има голем пожар, а пожарникарите користат и авиони за негово локализирање.

Од противпожарната единица на Трогир изјавиле дека дојавата за пожар дошла околу пладне.

„Станува збор за сериозен пожар кој и натаму се шири. Засега не се загрозени објектите, но подоцна би можел да биде проблем затоа што станува збор за мало подрачје“, велат од противпожарната единица во Трогир.