ГОЛЕМ ПРОПУСТ НА ФБИ-МОЈОТ СИН Е ТЕРОРИСТ: Таткото на бомбашот од Њујорк две години бил игнориран од ФБИ

Поврзано

- Advertisement -
Таткото на Ахмад Кан Рахами пред две години ги предупредил американските власти дека неговиот син е терорист, но ФБИ очигледно не ја сфатиле сериозно целата ситуација.
- Advertisement -

 

Таткото на 28-годишниот Рахами, американскиот државјанин со авганистанско потекло кој е осомничен за терористичкиот напад во Њујорк и Њу Џерси минатиот викенд, пред две години им открил на американските власти дека неговиот син е радикализиран – сето тоа уште тогаш го проверувале агентите на ФБИ, но очигледно направиле пропуст, пренесува New York Times.

Како што пренесува споменатиот медиум, двајца високи полициски функционери раскажале дека таткото на Рахами во 2014-та година им признал на полицајците дека неговиот син е терорист, откако Рахами после една семејна расправија го избодел својот брат со нож.


Њујоршкиот весик пренесува дека вториот полициски функционер кој сакал да остане анонимен, рекол дека кај Рахами, кој беше уапсен во понеделникот од американската полиција, биле пронајдени многу работи кои укажуваат на тоа дека Рахами бил „близок до џихадизмот“.

Од друга страна, еден полициски извор за CNN рекол дека сопругата на Рахами ги напуштила Соединетите Американски Држави неколку дена пред Ахмад да го изведе бомбашкиот напад во кој беа повредени 29 лица.

Сега, американските власти настојуваат со помош на своите колеги од Пакистан и Обединетите Арапски Емирати, да стапат во контакт со неговата сопруга, пренсва британската новинска агенција „Ројтерс“.

Инаку, Рахами кој е американски државјанин, се оженил во Пакистан, по што својата сопруга ја довел во Соединетите Американски Држави, пренесуваат американските медиуми.


Рахами е осомничен за организација на терористичкиот напад во кој, минатиот викенд експлодираше експлозивна направа во Менхетн при што беа повредени 29 лица.

Исто така, осомничен е дека подметнал експлозивна направа и на трасата на доброволната трка на американските маринци во Њу Џерси. Покрај тоа, Рахами е обвинет дека поставил и уште неколку бомби кои што не експлодирале, од кои последната во Њу Џерси беше деактивирана вчера наутро.

Натурализираниот Американец со авганистанско потекло беше уапсен после вооружената престрелка со американската полиција. Полицајците го раниле Рахами во нога, а тој ранил еден полицаец во раката, а друг полицаец го погодил во панцир. Повредите кои што ги добиле Рахами и полицајците не биле опасни по живот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This