дома Македонија ГОЛЕМ ПРОТЕСТ ПРЕД СОБРАНИЕТО: Илјадници се собраа попладнево на протест против законот...

ГОЛЕМ ПРОТЕСТ ПРЕД СОБРАНИЕТО: Илјадници се собраа попладнево на протест против законот за јазици и против промена на името!

Вечерва пред Собранието на Р. Македонија повеќе патриотски здруженија излегоа на протест, а нивните главни барања се преговорите за името и не донесување на законот за јазиците.

„Дојдовме заедно за да бидеме дел од живиот штит преку кој не ќе смее да помине и нема да помине никакво преименување, никакво прекрстување, никакво обезличување. Зашто преименувањето води кон големо ништо. Да направиме жив штит за името, за идентитетот, кој од колено на колено се предава на генерации“, порачаа учесниците на вечерашниот протест пред Собранието „за одбрана на името на државата Македонија, идентитетот на македонската нација и за ослободување на неправедно притворените и обвинети за настаните на 27 април 2017 година“, во организација на македонската координативна мрежа СУМ – Сите за унитарна Македонија. Тие порачаа дека ова е последно предупредување пред организирање граѓанска непослушност поради притворањето на обвинетите за настаните од 27 април.