дома Актуелно ГОЛЕМ СКАНДАЛ НА МАКЕДОНСКИОТ МЕДИУМСКИ ЕТЕР

ГОЛЕМ СКАНДАЛ НА МАКЕДОНСКИОТ МЕДИУМСКИ ЕТЕР

Во текот на вчерашниот ден гледачите беа сведоци на скандалозна емисија на авторот и водител Миленко Неделковски.

Емисијата Миленко Неделковски Шоу која траеше 20 минути помина во целосен молк, освен поздравниот и одјавниот дел на почетокот и крајот кога водителот ги поздрави своите гледачи.

-Направив емисија која кореспондира со моменталната ситуација во која се наоѓа новинарот, новинарството, медиумите и слободата на говор во Република Македонија, кусо искоментира Неделковски на прашањето на Курир зошто се одлучил за таква емисија и која порака ја испраќа.

Оваа емисија беше своевидна критика на цензурата и хајката против медиумите, за начинот на уредување, слободата на говор и дури ако сакате аголот од кој се снима.