дома Актуелно Гордана Силјановска Давкова: Доста беше со лаги и манипулации!

Гордана Силјановска Давкова: Доста беше со лаги и манипулации!

Кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова денеска ги посети Прилеп, Битола, Тополчани… Таа на својот фејсбук профил сподели информации кои и ги соопштиле граѓаните.

Бев во Прилеп,„Тризла,“ Тополчани и Битола. Граѓаните се жалат дека економијата е на колена.

И така е. Имаме постојан тренд на зголемување на јавниот долг и рекордно ниво во 2018 од 40.5%, иако ветуваа дека ќе се намалува. Имаме најниско ниво на нови странски директни инвестиции, иако шпекулираа со огромен број на компании кои се покажа дека нема да дојдат во Македонија. Имаме рекордно ниско ниво на економски раст за 2018 година – иако ветувавте небулозни 4%, на крај завршивме едвај со 2.5%, повторно меѓу најниските во Европа.

Оваа година Светска банка повторно предупредува дека ќе имаме лоши резултати – слаб економски раст и уште повисоко задолжување. Веќе имаме рекордно високо ниво на даноци, давачки, сива економија и плати во плик. Рекордно висок број на луѓе кои едвај врзуваат крај со крај.

Со такви резултати не се влегува во ЕУ. Доста беше лаги и манипулации. Граѓаните веќе ја препознаа вашата матрица – кажувам, негирам, заборавам. Ја препознаа вашата неспособност да направите нешто добро за нив, за економијата, за државата. Ќе ја препознаат и на 5 мај и нема да ви дозволат веќе да си поигрувате со нивната иднина!