Горивата поскапуваат, Владата ја усвои еколошката такса

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на Република Македонија на денешната 82 седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на законот за животна средина.

Со предложените измени се предвидува зголемување на еколошката такса, односно се предлага зголемување на давачката за увоз на нафтените деривати во земјата за 3,5 денари за моторен бензин со содржина на олово повисока од 0,013 г/л и за авионски бензин, гориво за дизел мотори, екстра лесно масло за горење и масло за горење М1, М2 (мазут), како и зголемување од 3,1 денар за моторниот безоловен бензин со содржина на олово до 0,013г/л како помалку загадувачки нафтен дериват во однос на останатите предвидени деривати.

Основната цел, како што појснуваат од Владата, поради која се предлагаат овие измени и дополнувања се доуредување на делот за финансирање во животната средина, доследна примена на начелото „загадувачот плаќа” и прибирање на потребните средства за преземање на мерки и активности за заштита и унапредување на животната средина.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This