дома Македонија ГОРИ ЦЕЛА ПЛАНИНА НАД ПРИЛЕП: Загрозен и Трескавец, прилепчани се снаоѓаат како...

ГОРИ ЦЕЛА ПЛАНИНА НАД ПРИЛЕП: Загрозен и Трескавец, прилепчани се снаоѓаат како знаат и умеат бидејќи владата не испраќа луѓе за помош!

Од пред неколку дена повторно се активираа пожарите околу манастирот Трескавец во Прилеп.

 

И како и претходно, надлежните се сомневаат дека пожарите се повторно подметнати, особено поради тоа што деновиве температурите во Прилеп не беа ни приближно високи, како што тоа беше случај пред две недели.

Гори над селото Дабница, а граѓани кои денес патувале, велат дека гори повторно и од страната на Трескавец.

Густ чад денеска се креваше над Прилеп во текот на целиот ден, а пожарот е видлив и вечерва.

Прилепчани повторно се снаоѓаат како што знаат и умеат. Мобилизирани пожарникарите од ППЕ Прилеп, заедно со вработените во јавните претпријатија и повеќе доброволци се спротивставуваат на огнената стихија.

Дирекцијата за заштита и спасување според луѓето кои се на терен нема испратено своја помош.

Изминатите денови пак, општина Прилеп и градоначалникот Марјан Ристески им доделија благодарници на луѓето кои пред извесно време од силниот пожар го спасија манастирот Трескавец.