Гостиварец со туѓа лична карта подигнал кредит

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гостиварецот В.Ф.(27) со туѓа лична карта успеал да склучи договор за набавка на мобилен телефон и да подигне брз кредит од финансиско друштво, пред да биде уапсен од полицијата.

Пред полицијата, уапсениот рекол дека личната карта ја пронашол случајно падната на улица.

На 21.12.2021 околу 22.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 27-годишниот гостиварец В.Ф., поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ и „измама“.

Тој се сомничи дека со лична карта која наводно ја нашол на улица од друго лице, кое на 16.12.2021 го пријавило случајот, склучил договор за набавка на телефон, а подигнал и кредит во скопско финансиско друштво“, се вели во соопштението на МВР.

По целосно документирање на случајот против В.Ф. ќе следува соодветен поднесок.

Latest News

Getting Started with the 82 Lottery App A Comprehensive Guide

Have you ever dreamed of winning big in the lottery? With the 82 Lottery App, you can turn that...

More Articles Like This