Џес Бејли ниту не успеа да му се изнарадува во живо на производот од неговата “невозможна мисија“ во Македонија. Му честита во живо на Џафери, но не успеа на Заев.
Најнова вест е дека Џес Бејли e заменет од вршителот на должност Амбасадор на САД во Македонија, место него“Невозможната мисија“ во Македонија треба да ја продолжат Заев и Џафери. До кога, ќе покаже времето.
Но, она што е најважно, на службената интернет страница на Американската амабсада во Македонија, се појави коментар на новиот вршител на должноста амбасадор на САД Микаела Швајцер-Блум.
Дали ова значи дека Бејли го заврши својот мандат, или е само на привремено отсуство, засега нема официјален коментар од Амбасадата.
Се’ уште останува дилемата, во кое својство во Македонија престојуваше Американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Азија, Хојт Брајан Ји при неговата последна посета на 1 мај 2017 година, што беше решавачко за пресвртот кај ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Ѓорге Иванов?
Викторија Нуланд помошник-државен секретар за европски прашања која беше активна во врска со Пржинскиот договор, си даде оставка на функцијата на 24 јануари 2017 година.
Марк Тонер, портпаролот на Стејт Департментот кој во неколку наврати застануваше во одбрана на амбасадорот Џес Бејли, по обвинувањата за мешање во земјава и помагање на невладините на Сорос, беше сменет од функцијата на 25 април 2017 година.
Времето ќе покаже кој ќе го наследи Хојт Брајан Ји? Но, последиците ќе ги трпиме сите…
Тодор Петров
iNFOMAX.mk