Зоран Новаковиќ, поранешен заменик министер за енергетика од владата на Мирко Марјановиќ, кој влезе во Парови, открива како Жељко Ражнатовиќ Аркан му помогнал во неколку ситуации и како му го спасил животот на еден младич, син на еден од српските најголеми естрадни уметници.
“Единствено што можев беше да испратам СМС порака по телефон на Аркан, и да го прашам дали го познава тој и тој…Добив порака да му се јавам и да му го дадам телефонот на таа особа. Тогаш го ризикував можеби и сопствениот живот, бидејќи криминалците беа вооружени“ Го направив тоа што ми рече Аркан“ се сеќава Зоран.
“Пред сите гости му довикнав на тоа момче кое му се закануваше на момчето и најцрно го омаловажуваше, дека има итен повик и тој се збунил, но кога го слушна гласот, кога го препозна, буквално онеме, пребледе и тој ист криминалец потоа веднаш го честеше целиот ресторан ручек“, раскажува Зоран.
Тој се присетува и открива како Аркан му помогнал и кога снемало струја на Маракана. ….