дома Македонија ГО САКАМ ВОДНО: Исечените дрвја никогаш нема да бидат вратени

ГО САКАМ ВОДНО: Исечените дрвја никогаш нема да бидат вратени

Да за гасовод, но не преку Водно. Еколошките активисти цврсто остануваат на ставот за стопирање на градбата на парк шумата. Од граѓанската иницијатива “Го сакам Водно”, не веруваат на владините тврдења дека теренот ќе се врати во првобитна состојба – стандардите налагале падината да остане гола од безбедносни причини, поради опасност корењата на новите дрвја да ги оштетат цевките како и за лесен пристап на возила при евентуални интервенции.

И граѓаните силно го осудуваат копањето на Водно. Велат дека не било добро да се уништува планината, зашто тоа било единственото место за рекреација, и како што велат, белите дробови на градот.

СДСМ како опозиција силно се противеше на сечата на дрва, но како власт го прави токму тоа и тоа во заштитено подрачје.

Екологистите се сомневаат и во најавите дека ќе се намали ширината на целиот опсег од 25 на 10 метри, бидејќи тоа е спротивно од стандардите за безбедност при градењето на вакви инфраструктурни објекти.

Повеќе граѓански организации се против веќе започнатата изградба на гасоводот по сртот на Водно, а власта не отстапува од планот токму тука да се ископа трасата од Делницата на гасоводот.