дома Занимливости ГО СПОРЕДИЛ КРАЛСКОТО БЕБЕ СО ШИМПАНЗО: Новинар на Би-Би-Си доби отkаз по...

ГО СПОРЕДИЛ КРАЛСКОТО БЕБЕ СО ШИМПАНЗО: Новинар на Би-Би-Си доби отkаз по дрската шега!

Дени Бекер, англиски писател, новинар, сценарист и радиски водител на Би-би-си добил отkаз откако најновата кралска принова, малиот Арчи, ја споредил со шимпанзо.

Кралското бебе ја напyшта болницата, напишал на Твитер Дени Бекер, славниот радиски диџеј под црно-белата фотографија на мажот и жената кои за рака водат шимпанзо облечено во момче.

Тој тврди дека во прашање е само шега, но таа реченица му донесе отkаз од Би-би-си, медиумската куќа во која работел од 1989 година.