дома Хроника ГРАБЕЖ ВО УШТЕ ДВЕ КАЗИНА: Криминалците во текот на вечерта правеле хаос...

ГРАБЕЖ ВО УШТЕ ДВЕ КАЗИНА: Криминалците во текот на вечерта правеле хаос во казината низ Скопје

Утринава некаде околу 40 минути по полноќ се случил уште еден грабеж на казино на подрачјето на Скопје.

Пријавено е дека непознато лице влегло во казино во Скопје на улица „Максим Горки“, во строгиот центар на градот и со закана со пиштол од вработените одзел засега неутврдена сума на пари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот. За потсетување, синоќа околу 22 часот, двајца непознати крадци вооружени со „калашникови“ ограбиле казино на булеварот Партизански одреди, како што информираше „Инфомакс“.