дома Локално ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СКОПЈЕ СО ДВОЈКА НА РАБОТА

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СКОПЈЕ СО ДВОЈКА НА РАБОТА

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски утрово на своето работно место допатува со автобус. Неговите сопатници во автобусот со број 2 го фотографирале додека се возел кон просториите на градот Скопје.

Токму градот вчера донесе одлука градскиот превоз да биде бесплатен се додека трае енормното загадување на воздухот.

Интересно е да се види колку од градоначалниците денеска го послушале апелот да ги остават своите автомобили и да се возат со автобус.