дома КОВИД-19 (Коронавирус) Градоначалникот на Центар позитивен на kopoнавирус

Градоначалникот на Центар позитивен на kopoнавирус

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ соопшти дека се заразил со коронавирусот.

-И покрај заштита за целото време на пандемијата на ковид-19, резултатот од тестот кој го направив утринава, откако почувствував покачена телесна температура е позитивен. Останувам во домашна изолација и ги следам инструкциите на лекарите, напиша тој на својот профил на Фејсбук.

Богдановиќ им порача на граѓаните да одржуваат дистанца, да носат заштитни маски и да ги почитуваат препораките на надлежните институции.