дома Европа Градоначалник поднесе остaвка откако го прeкршил полицискиот час за да оди на...

Градоначалник поднесе остaвка откако го прeкршил полицискиот час за да оди на забава

Градоначалникот кој го прeкрши карантинот поради Ковид-19 за да присуствува на забава, поднесе оставка. Градоначалникот на Лутон, Тахир Малик, беше сликан на собир во градината, заедно со советниците во општиниата Асиф Масуд и Вахид Акбар.

Настанот се случи кратко откако градот беше назначен како „област на интервенција“ од јавното здравство Англија.

„Нема изговор за тоа што го направив – требаше да знам подобро и прифаќам целосна одговорност за моите постапки“. изјави Г-н Малик

Сликите на г. Малик, г. Масуд и Акбар се појавија на социјалните мрежи по собирот во јули.

Во изјавата на веб – страницата на Советот на Лутон Бороу , г-дин Малик рече дека неговите постапки биле „под стандардот на неговата позиција“.

Тој рече дека повлекувањето од функцијата е најдоброто нешто што може да направи за градот.

Тој додаде дека се надева оти неговите постапки ќе послужат „како потсетник за луѓето од Лутон за важноста да се следат насоките„ Ковид-19 “, бидејќи тој останува реална и сериозна заkана“.