дома Локално Град Скопје ќе потpoши 200 000 евра за новогодишно украсување

Град Скопје ќе потpoши 200 000 евра за новогодишно украсување

Град Скопје денеска го објави тендерот за новогодишно украсување на улиците, булеварите и плоштадите низ градот.

Проценетата вредност на договорот е 200.000 евра без ДДВ.

„Декорирањето и украсувањето за време на новогодишните празници треба да е на високо естетско ниво, во духот на модерното време на живеење, со современ и атрактивен дизајн, уметнички и ликовни ефекти“, стои во тендерската документација објавена на сајтот на Бирото за јавни набавки.

Градоначалникот Петре Шилегов вели дека градот кон почетокот на декември ќе биде украсен, а дали ќе има новогодишен пречек и дали ќе се одржи манифестација „Винтерленд“, ќе зависи од епидемиолошката слика, односно од состојба со коронавирусот.