дома Свет ГРАНАТИРАНА РУСКАТА АМБАСАДА: Канонада од гранати испалена кон Руската амбасада во Дамаск!

ГРАНАТИРАНА РУСКАТА АМБАСАДА: Канонада од гранати испалена кон Руската амбасада во Дамаск!

Руската амбасада во Дамаск била под оган откако, од соседниот кварт контролиран од терористите на Ал-Нусра и други терористички групи била гранатирана со минофрлачи

Повеќе гранати биле истрелани кон комплексот на амбасадата, кои завршиле во населеното место околу комплексот, додека две паднале во близина на зградата на амбасадата, стои во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија. Нема повредени во нападот.

„Според извештаите, гранатирањето доаѓа од населбата Џобар во Дамаскус, која е под контрола на терористичките групи Џабхат Фатех ал-Шам и Фаилак ар-Рахман“, се вели во соопштението од министерството.

Џабхат Фатех ал-Шам е новото име на Ал-Нусра фронт, испостава на Ал Каеда во Сирија. Фаилак ар-Рахман е помалку позната терористичка група.

Од Москва велат дека гранатирањето е „резултат на активностите на оние кои како и САД и некои од нивните сојузници, провоцираат континуирано крвопролевање во Сирија и флертуваат со милитантите и екстремистите од сите страни“.