дома Занимливости „ГРАНД“СО СООПШТЕНИЕ ЗА ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША!

„ГРАНД“СО СООПШТЕНИЕ ЗА ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША!

Прес службата на „Гранд продукција“ денеска излезе со соопштение во врска со медиумските написи за Јелена Карлеуша, член на жирито во натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“

Бидејќи не престанува јавниот линч врз Јелена Карлеуша, која е наша колешка и е дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“, имаме обврска да се обратиме кон јавноста. Тортурата која ја преживува Јелена Карлеуша ја сметаме како сериозна навреда за сите жени, мајки, сопруги, ќерки, посебно ако се земе предвид дека станува збор за напад врз целото семејство. Како член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, а со тоа дел од нашата продукција и воедно наш пријател, целосно ги поддржуваме нејзните напори од оваа борба да излезе како победник, пишува во соопштението на „Гранд“.

Медиумите пишуваат дека пејачката денес ќе се врати од Кина за да ги реализира своите обврски кон „Гранд“.