дома Актуелно ГРАЃАНИТЕ БАРААТ АПСЕЊЕ НА ПРЕМИЕРОТ: Постери со барање да се апси Зоран...

ГРАЃАНИТЕ БАРААТ АПСЕЊЕ НА ПРЕМИЕРОТ: Постери со барање да се апси Зоран Заев осамнаа ширум Македонија!

Ширум Македонија како и во Скопје вчера вечер осамнаа постери на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) од Канада на кои пишува дека се бара итно апсење на „нелегитимниот македонски ‘премиер’ Зоран Заев“.

„Заев ги прекрши Уставот, законите и изврши велепредавство. Апсете го веднаш!“, пишува на постерите дистрибуиран од организацијата на Бил Николов.

Постерите #НашетоИмеЕМакедонија според ММДЧП се залепени низ целата територија на Република #МАКЕДОНИЈА со пораките #АпсетеГоЗаев и #Бојкотирам #Bojkotiram.